Diyar Güldoğan
26 Октомври 2018•Ажурирај: 26 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес телефонски раговараше со неговиот саудиски колега Адел ал Џубеир, при што дискутираа за убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори кои зборуваа под услов да останат анонимни, двајцата дипломатски претставници ги размениле своите ставови во врска со расчистување на случајот „Кашоги".
„Тие, исто така, дискутираа и за билатералните односи на двете земји“, додаваат изворите.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври по влегувањето во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Вчера јавниот обвинител на Саудиска Арабија изјави дека доказите спроведени од Турција укажуваат на тоа дека убиството било однапред планирано.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес, исто така, изјави дека Саудиска Арабија в недела испраќа главен обвинител во Турција, кој ќе разговара со нивниот обвинител во Истанбул.