Ayhan Şimşek
21 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка денеска го поддржа барањето на британската премиерка Тереза Меј за кратко одложување на Брегзит, но исто така нагласи дека ова зависи од позитивниот глас во британскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање пред пратениците во Бундестагот, пред да замине во Брисел на дводневниот Самит на ЕУ, Меркел изјави дека лидерите на останатите 27 земји членки на ЕУ денеска ќе имаат интензивни разговори за барањето на Меј за одложување на Брегзит до 30 јуни.
„Можеме да се согласиме на ова барање, во принцип, доколку имаме позитивен глас наредната недела во британскиот Парламент во врска со документите за повлекување“, изјави таа.
Меркел рече дека лидерите на ЕУ можеби ќе треба повторно да се состанат следната недела доколку британскиот Парламент не гласа за документот за Брегзит или гласа против Договорот.
Откако британските пратеници двапати го одбија Договорот за Брегзит, Меј вчера побара одложување на Брегзит по завршувањето на крајниот рок од 29 март.