Yosra Ouanes,Zeynep Hilal Karyağdı
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
ТАТАВИН (АА) - Хејсем Махди
Прошетката во подрачјето со црвени карпи и ридови во близина на тунискиот град Татавин, чија околина наликува на површината на Месечината, кај посетителите создава едно поинакво дожувување, јавува Anadolu Agency (AA).
На оддалеченост од 15 километри од центарот на градот, на површина од 5 хектари се среќавате со интересна географија на која забележувате карпи кои претрпеле ерозија од водата која некогаш минувала низ тоа подрачје.
Подрачјето во кое се наоѓаат илјадници големи и мали карпи обоени во црвено, наликуваат на големи печурки и насекаде го привлекуваат вниманието на посетителите.
Поради својот изглед, локалното население подрачјето го нарекува „Месечева површина“, а туристите коишто го посетуваат подрачјето на црвени карпи и ридови, добиваат впечаток дека шетаат по површината на Месечината.
Хабиб Алџан, истражувач на Тунискиот национален совет за рударство, за АА изјави дека структуирањето на подрачјето започнало пред 251 милион години, а дека завршило пред 205 милиони години, додавајќи дека процесот продолжил до периодот на диносаурусите.
Алџан објасни дека сегашната структура на подрачјето е последица на водата и ветрот кои пред 200 милиони години предизвикале ерозија на карпите формирани од скаменет песок.
„Подрачјето го доби тоа име поради црвените карпи и интересната структура на околината која наликува на површината на Месечината“, рече Алџан.
Мухамед Раван, претседател на Здружението на туниските пустински палати, истакна дека доцна е откриено значењето на подрачјето, додавајќи: „Претходно не му придававме значење на подрачјето. Но, во последно време, некои научници, геолози и истражувачи се чести посетители. Велат дека подрачјето наликува на површината на Месечината. Подоцна на ова место му беше дадено тоа име.“
Цивилната активистка, Тунишанката Хади бин Џедјан, рече дека во последно време, подрачјето е посетувано од голем број домашни и странски туристи и дека чести посетители се голем број геолози-истражувачи и студенти кои ја студираат таа гранка.
Бин Џедјан истакна дека продолжуваат да работат, со цел привлекување поголем број туристи и во останатите историски места и музеи во регионот.