Ekip
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Околу 30 посто од летовите на „Ер Франс“ (Air France) беа откажани, откако се интензивираше започнатиот штрајк со барањето за зголемување на платите, јавува Anadolu Agency (AA).
Откажувањето на летовите ги погоди патниците на домашните и меѓународните летови, и тоа на околу една четвртина од летовите на париските аеродроми „Шарл де Гол“ и „Орли“.
„Ер Франс“ ги повика патниците да го проверат статусот на својот лет и понудите за бесплатна замена на картите.
Ова е петти штрајк на вработените во „Ер Франс“ од февруари, поради што бројот на откажани летови постојано расте. Во исто време, синдикатите оваа недела најавија нови штрајкови, вклучувајќи го и оној во националните железници.
Синдикатот на „Ер Франс“ бара зголемување на платите за шест проценти, со што висината на процентот по неколку години би била одмрзната. Компанијата нуди зголемување од еден процент.
Секој ден штрајкот компанијата ја чини милиони евра.