Emel Öz Gözellik
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 14 лица загинаа поради судир на автобус и камион во Канада, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми известуваат дека во автобусот се наоѓале членовите на хокејскиот тим „Humboldt Broncos“ од Тисдејл.
Во автобусот имало 28 лица. Загинаа 14, а беа хоспитализирани уште толку. Три лица се во тешка здравствена состојба.
Канадскиот премиер Џастин Трудо на социјалната мрежа Твитер изрази сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.
„Не можам да замислам што преживуваат вашите семејства. Моето срце е со сите оние кои се погодени од оваа страшна трагедија“, напиша Трудо.