Hamdi Yıldız
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти тврдат дека се извршени минофрлачки напади од Појасот Газа врз повеќе израелски подрачја на границата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, во објава на Твитер напиша дека изутрина се извршени напади од Газа врз повеќе подрачја во Израел со 25 минофрлачки гранати, и дека повеќето од гранатите биле уништени од страна на одбранбениот систем Железна купола.
Во изјава на други воени извори се тврди дека покрај овие 25 минофрлачки напади, извршени се уште два минофлачки напади, и дека гранатите паднале во регионалното собрание во Ашкелон.
Во вестите објавени во израелските медиуми се наведува дека изутрина е извршен ракетен напад од Газа врз повеќе места во близина на границата.
Палестинската страна сè уште не даде изјава околу тврдењата на Израел за нападите.
Четири Палестинци загинаа во воздушните напади извршени во последните два дена во некои места во Газа од страна на Израел.