Sayed Khodaberdi Sadat
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти извршија напад врз две полициски станици во авганистанската покраина Кандахар. Во нападите, животот го загубија 22 полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата во Кандахар за АА изјави дека талибанските милитанти синоќа извршиле истовремени напади врз полициските станици во местата Мејванд и Џиреј.
Тој истакна дека во нападите загинале 22 полицајци, а 15 се ранети. По нападите, дошло до судири меѓу двете страни, во коишто се убиени 40 талибански милитанти, а 35 се ранети.
Талибанската страна тврди дека во нападите загинале повеќе од 40 претставници на полицијата.