Eshat Fırat
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
КУВАЈТ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, синоќа допатува во официјална посета на Кувајт, а по тој повод домаќините се погрижија кувајтските кули да засветат во боите на турското знаме, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган синоќа, по завршувањето на посетата на Русија, пристигна во Кувајт, каде што денес ќе оствари средби со највисоките претставници и ќе разговара за билатералните односи, но и за кризата во Заливот.
По повод неговото доаѓање, синоќа кулите на Плоштадот на арапскиот залив засветеа со боите на турското знаме.
Претседателот на турско-кувајтската заедница, Несим Омероглу, за АА рече дека посетата на Ердоган на Кувајт е многу важен настан, за што сведочат и турските знамиња со кои домаќините го украсиле градот.
„Кувајќаните придаваат големо значење на посетата. Овој регион минува низ тежок период во кој народите од регионот чекаат поддршка од муслиманскиот свет. Кувајтскиот емир лично најави дека токму со Ердоган ќе се направат заеднички чекори кон решавање на кризата“, рече Омероглу.
По денешните разговори со лидерите на Кувајт, турскиот претседател Ердоган ќе го посети Катар.