Burak Karacaoğlu,Levent Tok,Adham Kako
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ИДЛИБ (AA) - Бројот на загинатите лица во воздушните напади на пазарот во населбата Етариб, западно од градот Алепо во Сирија се искачи на 53, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавија локалните извори, пазарот во Етариб беше мета на три воздушни напади. Населбата се наоѓа во рамките на зоната на деескалација во провинцијата Идлиб, на северозападот на Сирија, а под контрола е на опозициските сили.
Халид Ел-Хатип, портпарол на Цивилната заштита, за АА потврди дека според последните информации, во нападите на пазар во населбата Етариб загинале 53, а ранети се преку 60 лица.
„Преку 60 лица се префрлени во болници, додека и понатаму стравуваме од зголемување на бројот на жртвите", рече Ел-Хатип.
Во време на нападите на пазарот се наоѓаа повеќе од 100 лица.
Припадниците на цивилната заштита и понатаму ги пребаруваат урнатините на повеќе десетици објекти кои претрпеа штета во нападите.