Mahmut Geldi
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АДЕН (АА) - Во јеменскиот град Аден извршен е напад со возило полно со експлозив. Во нападот животот го загубија шест војници, а 14 лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локалните извори, во Аден, привремениот главен град на Јемен, во подрачјето на Шех Осман, извршен е напад врз седиштето на безбедносните сили. Во нападот животот го загубија 6 војници, додека 14 лица се ранети.
Седиштето на безбедносните сили е уништено во нападот. Истите извори наведуваат дека ранетите се префрлени во болница, истакнувајќи дека дел од нив се потешко ранети.