Kasım İleri
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Од Министерството за одбрана на САД (Пентагон) во врска со вестите околу тоа дека терористичката организација ПКК/ПЈД направила таен договор со ДЕАШ таа да ја напушти Рака, истакнаa дека тие не се дел од овој договор, но го почитуваат договореното, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, во изјава за АА го окарактеризира договорот меѓу терористичките организации како „локално решение за локален проблем“.
Пахон пренесе дека коалицијата за борба против ДЕАШ под водство на САД не можела да изврши воздушен напад во Рака поради големиот број цивили, а во оваа ситуација ПКК/ПЈД, позната и како СДГ во Сирија, постигнала договор со ДЕАШ.
Тој тврди дека единствената цел на договорот е заштита на цивилите. „Не можеме секогаш целосно да се согласуваме со нашите сојузници, но го почитуваме тоа што нашле решение за нивниот проблем“, рече тој.
Истакнувајќи дека договорот е постигнат меѓу таканаречениот Совет за цивилите во Рака, формиран од страна на ПКК/ПЈД, и лидерите на арапските племиња, Пахон вели дека договорот им дозволува на цивилите и семејствата на милитантите на ДЕАШ да излезат од Рака, и тврди дека ова е можност за Сиријците кои работеле со ДЕАШ да бидат повторно интегрирани во општеството.
Пахон истакна дека висок претставник на коалицијата го набљудувал склучувањето на договорот, но, како што рече тој, коалицијата не е активна страна во овој договор.
Тој информираше дека сите цивили кои го напуштиле градот биле контролирани, меѓу нив имало и странски борци, а милитантите на ДЕАШ биле приведени.
Голем број медиумски извори истакнаа дека на милитантите од ДЕАШ им било дозволено да ја напуштат Рака во рамките на овој договор.
Според информациите до коишто дојде новинарот на АА минатиот месец, по средбите меѓу ПКК/ПЈД и ДЕАШ, кои траеле една недела, на локалните борци на организацијата им било дозволено да ја напуштат Рака, и тие се повлекле во Деир ез-Зор.
Според договорот, на странските борци на ДЕАШ не им било дозволено да излезат од градот.
- „Договорот не е таен“ -
Откако британскиот ТВ-канал „BBC“ (Би-би-си) соопшти дека е постигнат договор меѓу ДЕАШ и ПКК/ПЈД, поддржан од страна на САД, портпаролот на коалицијата за борба против ДЕАШ под водство на САД, полковникот Рајан Дилон, на „Twiter“ (Твитер) сподели објава во врска со ова прашање, во којашто вели: „Ова не е тајна. Коалицијата на 10 и на 14 октомври одржа прес-конференција и зборуваше со повеќе новински институции, влучувајќи го и радио „BBC“. Ова беше локално решение за локален проблем. Иако коалицијата целосно не се согласува, ја почитуваме одлуката на нашите партнери“.
Во соопштението на коалицијата се наведува дека договорот претставува регулатива направена за евакуација на цивилите. Полковникот Дилон на 17 октомври преку видео-конференција во Пентагон соопшти дека во рок од две недели, ПКК/ПЈД евакуирал 4.300 цивили од Рака, а 350 милитанти на ДЕАШ се предале.