Diyar Güldoğan
10 Септември 2023•Ажурирај: 11 Септември 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се состана со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Индија, известува Анадолу.
Состанок меѓу Ердоган и Мишел се одржа зад затворени врати на маргините на самитот на Г20 во Њу Делхи, главниот град на Индија.
Туркије поднесе барање за членство во Европската унија (ЕУ) во 1987 година, а кандидат е од 1999 година.
Преговорите за полноправно членство во унијата започнаа во октомври 2005 година, но се запрени последните години поради политички пречки кои ги поставија некои земји.