Dildar Baykan
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Според веста објавена на „BBC“ (Би-би-си), специјалниот известувач на ОН за човекови права, Јангхи Ли, истакнал дека состојбата во Аракан, кој од 25 август досега е цел на напади од страна на војската на Мјанмар и будистичките националисти, е многу полоша од онаа во октомври минатата година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ли упати повик до министерката за надворешни работи на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и изјави: „Аунг Сан Су Чи треба да стори нешто. Тоа е чекор што се очекува од секоја држава што треба да ги заштити сите оние кои се под нејзина администрација“.
Во нападите на војската на Мјанмар, кои се во тек, под изговор дека станува збор за борба против вооружени милитанти, од 25 август досега, животот го загубија голем број аракански муслимани. Нападнати се повеќе од 60 села, од кои десетици се запалени, а десетици илјади муслимани од Аракан се принудени да го напуштат подрачјето.
Цивилите се обидуваат по копно и по море да преминат од Мјанмар во Бангладеш. ОН соопштија дека досега 87.000 муслимани од Аракан преминале во Бангладеш, но уште десетици илјади чекаат во граничното подрачје.
Не може со точност да се одреди бројот на убиените, бидејќи Владата на Мјанмар не дозволува претставници од меѓународните организации да влезат во земјата. Невладините организации од Аракан соопштија дека бројот на убиените цивили е поголем до 1.000, а пак други тврдат дека станува збор за илјадници убиени цивили.
Раководството на Мјанмар не дозволува ниту да се испорача хуманитарна помош за араканските муслимани кои мигрираат или останале без своите домови.