Gülşen Topçu
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
МОСУЛ (АА) - Во различни региони на Ирак извршени се операции во кои се убиени 61 милитант на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана и државната телевизија на Ирак соопштија дека убиени се 55 милитанти во извршените операции во северозападниот и источниот дел на населбата Ел Ајадије, во градот Тел Афар, од страна на 15. пешадија на ирачката војска.
Капетанот Камран Махмуд од силите Пешмерга, за АА истакна дека според првичните сознанија убиени се 6 милитанти на ДЕАШ во операција врз конвој од пет возила во подрачјето на Ер-Ријад, кое се наоѓа во градот Хавиџа, Киркук.
Од друга страна, двајца цивили загинаа, додека петмина се ранети во бомбашки напад на пазар во подрачјето на Ед-Деваним во Багдад. Исто така, една жена го загуби својот живот како резултат на отворен оган од страна на непознато лице во областа Ел-Меамил