Hasan Hüseyin Kulaoğlu
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
КОКС БАЗАР (АА) - ХАСАН ХУСЕИН КУЛАОГЛУ - Мохамед Рошид, учител по професија, кој со останатите бегалци побарал засолниште во Бангладеш по нападите од страна на армијата на Мјанмар врз територијата на Аракан, рече дека војниците го нападнаме неговото село и живи ги палеле луѓето, јавува Anadolu Agency (AA).
Рошид во разговорот за АА изјави дека војниците будисти, извршиле напад врз селото пред изгејсонце.
Рошид изјавил дека при нападот биле палени куќите и додаде:
„Ги повредуваа луѓето, жените, девојките и младите. Ги заклучуваа луѓето во куќите и живи ги палеа. Ги тераа луѓето да трчаат по оризовите полиња и пукаа по нив, убивајќи ги. Пресекувајќи им го грлото со нож, ги убија останатите учители во медресата во која работам. Јас сум единствениот преживена од вработените во медресата. Кога утрото се вратив откако си заминаа војниците, селото мирисаше на на запалените лешеви“.
Пошид рече дека се спасил бегајќи од селото, дека луѓето 15 дена се криеле во шумата и потоа во мали групи со мали кајчиња дошле во Бангладеш. Тој истакна дека не може да контактира со никого од неговото семејство, нема никакви информации за неговата мајка, сопруга и децата.
„Посакувам во Аракан животот да биде во мир како и претходно и да продолжам со мојата работа“, изјави Рошид.