Fatma Esma Arslan
06 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
ДАКАР (АА) - Сменетиот лидер на Мали, Ибрахим Баубакар Кита, на кого му е дијагностициран исхемичен мозочен удар, според информациите на локалните медиуми, засновани на информации од семејството и од аеродромските службеници, го напуштил главниот град Бамако и заминал на лекување во Абу Даби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кита (75) беше хоспитализиран во Бамако на 2 септември и му беше дијагностициран исхемичен мозочен удар, а од болница беше отпуштен на 4 септември.
Се истакнуваше дека има можност Кита да замине во ОАЕ, каде што претходно се лекуваше.
Воената хунта Национален совет за спас на народот (CNSP) го уапси претседателот Ибрахим Баубакар Кита на 18 август, а потоа на 27 август го ослободи.
Исто така, Националниот совет за спас на народот му даде дозвола на Кита да замине на лекување во странство.
Претседателот на Мали, Ибрахим Баубакар Кита, премиерот Бубу Сисе и неколку официјални претставници беа уапсени од страна на воената хунта.
Кита и Сисе на 18 август беа однесени во воениот камп кај Кати, што се наоѓа на 15 километри северозападно од главниот град Бамако.