Büşra Selvi Öğütcen
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 27 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од почетокот на пандемијата на Ковид-19 вирусот досега е потврден кај 27.069.726 лица.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), со 6.431.160 заразени лица.
Потоа следуваат Бразил со 4.123.000, Индија со 4.114.773, Русија со 1.020.310, Перу со 683.702, Колумбија со 658.456, Јужноафриканската Република со 636.884, Мексико со 629.409, Шпанија со 517.133, Аргентина со 471.806 и Чиле со 420.434 заразени лица.
Во Турција бројот на заразени со вирусот достигна 278.228.
Од почетокот на епидемијата од вирусот досега во светот починаа 883.771 лице, а оздравеа 19.170.299 лица. Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 7.015.656.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.