Sinan Doğan
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во Бразил, втората најтешко погодена земја во светот по Соединетите Американски Држави (САД), во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 907 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 907 лицa во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 125.521 лице.
Во Бразил дијагностицирани се 51.194 новозаразени во последните 24 часа, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот порасна на 4.092.832.
Државата Сао Пауло, трговски центар на земјата со околу 46 милиони жители, е најпогодената област во земјата. Во Сао Пауло регистрирани се 815.016 случаи со коронавирусот, а починаа 31.091 лице.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.278.918.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.