Burak Karacaoğlu
09 Мај 2019•Ажурирај: 10 Мај 2019
ИДЛИБ (АА) - Режимските сили во Иран, кои се состојат од војската на режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран и Русија, извршија воздушни и копнени напади врз цивилните населби долж границата на зоната за намалување на тензиите во Идлиб, при што животот го загубија 5 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимските сили и Русија извршија воздушни и копнени напади во зоната за намалување на тензиите во Идлиб, и тоа врз северните и западните рурални подрачја на местата Aл-Латамна, Кафр Зита и селата Ес Сејад и Ел Хаваш, во областа Хама, југоисточно и југозападно од Идлиб, во местото Хан Шејхун, појасот Кенсафра и селата Ел Хабит, Шинан и Ел Хираки.
Според информациите добиени од Цивилната одбрана (Бели шлемови), во нападите изведени на споменатите територии, од синоќа досега, животот го загубиле 5 цивили.
Екипите на Цивилната заштита ја изразуваат својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати и ранети поради продолжувањето на интензивните бомбардирања.
- Состојбата во зоната за намалување на тензиите во Идлиб
За време на одржувањето на состанокот во Астана (сегашен Нурсултан), главниот град на Казахстан, на 4 и 5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран потпишаа Договор за формирање зони за намалување на тензиите. Поради прекршувањето на Договорот од страна на силите на режимот, Турција и Русија, во рамките на Договорот, постигнаа дополнителен договор за споменатите зони.
И покрај тоа што на 17 септември 2018 година беше потпишан договор, режимот, потпомогнат од своите поддржувачи, продолжува со нападите.
Нападите се интензивираа за време на одржувањето на 12. состанок меѓу Турција, Русија и Иран во Нурсултан, главниот град на Казахстан, на 25 и 26 април годинава. Последните 13 дена нападите продолжуваат со истиот интензитет.
Според податоците добиени од Цивилната заштита, од 25 април досега животот го загубија 118 цивили, а повеќе од 300 се ранети.
Цивилите што останаа затекнати во подрачјата на нападите, продолжуваат да мигрираат. Голем број цивили бараат засолниште во камповите Атме, Деир Хасан Каху и Кефер Лусино, сместени во близината на границата со Турција, наспроти местото Рејханли во областа Хатај.