Emre Aytekin
09 Мај 2019•Ажурирај: 10 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Сингапур го ратификуваше Законот со кој споделувањето и ширењето лажни вести на интернет и на социјалните мрежи ќе се смета за кривично дело, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на интернет-страницата на телевизискиот канал „Channel News Asia“, со седиште во Сингапур, законодавното Собрание го изгласа Законот за онлајн лаги и манипулации со кој споделувањето и ширењето лажни содржини на интернет со манипулативни цели ќе се смета за кривично дело. Овој закон на Владата ѝ дава овластување да ги блокира содржините од оваа природа.
Во гласањето за ратификување на овој закон, 72 лица гласаа „за“, додека 9-мина „против“. Се предвидува лицата кои шират лажни содржини на интернет, да добијат затворска казна до 10 години.
Опозицијата и невладините организации го критикуваат овој закон, со образложение дека Владата ќе биде таа која ќе одлучува дали содржината е точна или лажна.