Haydar Karaalp
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
БАГДАД (АА) – Извршен е ракетен напад врз воената база „Белед“ на американските сили, во ирачката покраина Салахадин, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Како што јавуваат локалните ирачки медиуми истрелани биле два проектила од типот „Катјуша“ кон воената база „Белед“.
Во нападот нема загуба на животи. Нема информации за тоа кој го извел нападот врз базата.
Ракетен напад беше извршен и пред два дена врз воената база „Ајнул Есед“ во Анбар, каде што се стационирани американските сили.