Yusuf Hatip
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ПАРИЗ (АА) - Фоторепортерот на Агенцијата Анадолија (АА), Мустафа Јалчин, е повреден откако гасна бомба, испукана од страна на француската полиција за време на протестите против пензиските реформи во Франција, го погоди во око.
Јалчин, кој одблиску ги следеше протестите, беше ранет во окото откако гасната бомба на безбедносните сили му го скрши стаклото на маската која ја носеше како заштитна мерка.
Во крвава состојба, му беше пружена лекарска помош од здравствените екипи на местото на настанот, а потоа и од лекарите на брзата помош.
Лекувањет на Јалчин продолжува во болницата.
Потсетуваме дека судирите меѓу полицијата и десетици илјади демонстранти се случија за време на протестите што започнаа денес во Париз и низ цела Франција против пензиските реформи.
Полицијата интервенираше откако демонстрантите ја оштетија околината и запалија неколку возила.
За време на инцидентите беа приведени околу 80 демонстранти, а исто така беше соопштено за повредени како резултат на полициска интервенција.
Протестите и насилните инциденти продолжуваат низ цела Франција.