свет

САД: Во вооружена пресметка по пљачка загинаа 4 лица

По пљачка во златарница во американската сојузна држава Флорида дојде до вооружена пресметка меѓу двајца крадци и безбедносните сили

Emel Öz Gözellik  | 06.12.2019 - Обновена : 07.12.2019
САД: Во вооружена пресметка по пљачка загинаа 4 лица

АНКАРА (АА) - По пљачка во една златарница во американската сојузна држава Флорида дојде до вооружена пресметка меѓу двајца крадци и безбедносните сили. Во немилиот настан животот го загубија 4 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во американските медиуми, агентот на ФБИ, Џорџ Пиро, соопштува дека во градот Мајами, во американската сојузна држава Флорида, двајца вооружени крадци по пљачката на еден златарски дуќан украле возило на сервисот за испорака на пратки „United Parcel Service“ (UPS).

Агентот истакнува дека крадците како заложник го зеле и возачот на возилото, а во пресметката до која дошло меѓу полициските сили и крадците животот го загубиле двајцата крадци, возачот на камионот и еден цивил.

Во тек е истрага за случајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın