свет

Во Мозамбик поплавен град

Во соопштението од Градскиот совет на Беира се истакнува дека катастрофата од поплавата е настаната во време кога сè уште се лекуваат раните од ураганот Идаи

Tufan Aktaş  | 06.12.2019 - Обновена : 09.12.2019
Во Мозамбик поплавен град

ИСТАНБУЛ (АА) - Беира, четвртиот по големина град во Мозамбик, е поплавен поради обилните дождови што ја зафатија земјата, пренесува Агенцијата Анадолија (АА).

Во соопштението од Градскиот совет на Беира се истакнува дека катастрофата од поплавата е настаната во време кога сè уште се лекуваат раните од ураганот Идаи.

Советот сподели фотографии од поплавите на коишто се гледа дека голем број возила и куќи се поплавени. Јавноста е предупредена за загадувањето што настана по поплавите.

Во последните месеци, стотици луѓе загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикано од обилните врнежи од дожд во Источна и Јужна Африка.

Според меѓународните организации, поплавите се предизвикани од климатските промени кои се резултат на глобалното затоплување.

Илјадници куќи и патишта беа уништени во регионот како резултат на ураганот Идаи, кој ги погоди Малави, Мозамбик и Зимбабве во март. По ураганот се појавија разни заразни болести.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.