Şerife Çetin
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Спасувачките екипи трагаат по пилотот кој падна од воен хеликоптер за време на аеромитинг во белгискиот град Лиеж, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните белгиски медиуми јавуваат дека несреќата се случила за време на аеромитинг, при изведбата на показен лет на хеликоптер од типот „Agusta A109“.
Во хеликоптерот биле двајца пилоти и тројца војници, а еден од пилотите испаднал од хеликоптерот додека тој летал на височина од 1.300 метри.
Истите извори јавуваат дека копилотот им помагал на тројцата војници при скокот со падобран, кој бил составен дел од изведбата, а потоа се вратил во кабината, каде што не го затекнал главниот пилот.
Копилотот потоа го спуштил хеликоптерот и го пријавил исчезнувањето на главниот пилот.
Паралелно со акцијата на спасувачките екипи, кои трагаат по исчезнатиот пилот, започната е истрага за овој несекојдневен случај.