İzzet Taskiran
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Експертите за кијбер-безбедност истакнуваат дека новата верзија на вирусот „Locky“, пуштен од страна на компјутерските хакери со цел уцена и изнуда на средства за откуп, е многу поопасен од вирусот „Wanna Cry“ што во изминатите неколку месеци го беше зафатил светот. Тие велат дека вирусот се шири преку електронската пошта и доколку ги шифрира документите во заразените компјутери, не е можно тие да се отклучат без инструкции од хакерите кои го пуштиле вирусот, јавува Anadolu Agency (AA).
Експертот за кибер-безбедност, Хасан Јенер, за АА изјави дека вирусот „Locky“ работи врз основа на шифрирање на податоците што се наоѓаат на хардисковите во системите заразени од овој вирус, со цел да се бара откуп за нивно отклучување.
Експертот Јенер посочи на наставката '.locky' што вирусот ја користи кај шифрираните документи во својата прва врзија. „Кај новата верзија на овој вирус документите се шифрираат со наставки, како што се '.diablo6', '.osiris', '.odin', '.thru', '.zepto', '.shit', '.aesir', '.loptr' и '.likutus'“, изјави Јенер.
За новиот вирус, Јенер вели дека за да се распространи ја користи техниката на „спам е-пошта“, и додава дека преку електронската пошта на многу лесен начин станува дел од документите од пакетот „office” или на компримирани „zip документи“.
Експертите за кијбер-безбедност истакнуваат дека по преземањето на документите и нивното отворање, вирусот започнува со своите операции. „Немојте да ги отворате пристигнатите имеил-пораки до вас, од кого и да се, доколку не сте сигурни за нивната содржина. Електронската пошта со наслови како што се 'Усогласување на тековна сметка', 'Добивте подарок', 'Испратена ви е порачката', 'Проверка на податоците за испорака', 'Информации за фактура', 'Информации за долг' и 'Електронски факс', во никој случај не отворајте ги. Не отворајте ги ниту електронските пораки што се на тема компјутери, интернет, антивирусни програми, подарок купони, банкарски сметки и пораки за попуст, преку кои сакаат да го привлечат вашето внимание“, изјави експертот Јенер.
- „Заразата се шири и преку додатоците на електронската пошта“
Експертот за научни технологии и социјални мрежи, Тахир Билиџи, вели дека вирусот „Locky“, кој минатата година во некои земји и во голем број институции предизвикал сериозна штета, повторно почнал да станува актуелен.
„Минатата година вирусот 'Locky' преку т.н. екран за развој, во сигурносниот режим на оперативниот систем Windows можеше на многу лесен начин да се отстрани. Но овојпат се среќаваме со многу поразвиен малициозен софтвер. Толку многу е малициозен што ниту измените на атрибутите од решението за отстранување на вирусот 'Wanna CRY' во изминатите месеци не помага“, вели експертот Билиџи.
Тој рече дека вирусот воглавно се распространува преку електронската пошта и ги предупредува сите корисници на компјутери да не ги отвораат документите во прилог во електронската пошта, доколку не го знаат нивното потекло или не му веруваат на испраќачот, додавајќи во никој случај да не ги отвораат ниту спам-пораките.