Emre Gürkan Abay
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
МОСКВА (AA) – Повеќе од милион демонстранти се собраа денеска во чеченскиот главен град Грозни и протестираа поради злосторствата кои војската и будистичките милитанти ги вршат над муслиманското малцинство Рохинџа во мјанмарскиот регион Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите ги преполнија улиците на Грозни, главниот град на Чеченската Република која е во составот на Руската Федерација, а меѓу демонтрантите беа чеченскиот претседател Рамазан Кадиров и тамошниот муфтија Иса Хамхојев.
Се собраа и истакнаа големи транспаренти на кои на руски и на англиски јазик се испишани пораките „Запрете го геноцидот во Мјанмар" и „Запрете ги ѕверствата над бурманските муслимани".
Протестите почнаа рано утрово со зајакнати безбедносни мерки, а завршени се попладне, по завршување на пладневната молитва во џамијата Чеченско срце во центарот на Грозни.
Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на собирот присуствувале речиси 1,1 милион луѓе и дека десетици илјади демонстранти дошле од другите делови на Руската Федерација.
Под изговорот за борба против милитарни групи, мјанмарскаа војска во изминатите неколку дена сруши најмалку 60 муслимански села од кои десетици илјади жители се приморани да бегаат кон соседниот Бангладеш.
Според последните извештаи на ОН, во Бангладеш до вчера влегле 73.000 муслимани од Аракан, а десетици илјади чекаат на преминување граница.
Поради фактот што во кризно подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на страдања во нападите на муслиманските населби. Локалните невладини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени луѓе.