Ekip
02 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
КАРАЧИ (AA) – Пакистан во петок на граничкиот премин Вагах го предаде индискиот пилот на властите на Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на индиските воздухопловни сили Абхинандан беше притворен во Пакистан, откако неговиот авион е соборен во среда во судирот на индиските и пакистанските летала долж спорната граница во регионот Кашмир.
Ден подоцна, пакистанскиот премиер Имран Кан најави дека ќе го ослободи индискиот пилот како гест на добра волја.
Тензиите меѓу Индија и Пакистан во Кашмир ескалираа на 14 февруари, кога во бомбашки напад на парамилитарен конвој беа убиени 44 и ранети 20 индиски војници. Индија за нападот го обвини Пакистан, а официјален Исламабад ги отфрли обвиненинјата и го осуди нападот. Индиските сили на 26 февруари извршија воздушни напади на кампот, кој се наоѓа на пакистанската страна на линијата на разграничување.
Тензиите ескалираа во средата кога пакистанската Војска сруши два авиона на индиската Војска кои го загрозија воздушниот простор на Пакистан. Од друга страна, три пакистански авиони влегле во воздушниот простор на Индија и предизвикале реакција кај индиските сили. Индиските медиуми тврдат дека Индија урнала еден пакистански борбен авион „Ф-16“.