Halit Süleyman,Levent Tok
04 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
ДАМАСК (АА) - Силите на режимот на Башар Ал Асад извршија напад на пазар во Источна Гута, во сириски Дамаск, област којашто е дел од „зоната без судири“. Во нападот се ранети најмалку 15 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Омер Ебу Убејде, од цивилната заштита за подрачјето Ајн Тарма, одговорен за медиумите, за АА изјави: „Силите на режимот го гранатираа подрачјето на Ајн Тарма. Во нападот се ранети 15 цивили. Некои од ранетите се во тешка состојба“.
Убејде соопшти дека ранетите се префрлени во полските болници близу местото на нападот и додаде дека топовските гранати што паднале на пазарот предизвикале материјална штета.
И покрај прогласениот прекин на огнот, договорен со посредство од страна на Русија, Турција и Иран, режимот на Асад без прекин продолжува под опсада да го држи подрачјето на Источна Гута.
Режимот има за цел да го исклучи местото Џобар, полуостров сместен југоисточно од Источна Гута, од подрачјето на Ајн Тарма, и на тој начин изолирано да го држи под опсада. Доколку успее да го направи тоа, тогаш и околу 400.000 лица кои живеат во Источна Гута ќе бидат ставени во тесно преку новонастаната опсада.