свет

Педерсен: „Хуманитарната состојба во Идлиб е катастрофална“

„Проблемот е што повеќе од 50 отсто од популацијата во Сирија ги напушти своите домови. Она што сакаме да го постигнеме сега е да создадеме ситуација заради која тие ќе почнат да се враќаат“, изјави Педерсен

Elena Teslova  | 24.01.2020 - Обновена : 26.01.2020
Педерсен: „Хуманитарната состојба во Идлиб е катастрофална“

МОСКВА (АА) - Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Геир Педерсен, денеска изјави дека хуманитарната состојба во Идлиб, каде што се одвиваат конфликти, е катастрофална, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи на состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Педерсен рече дека цивилите во Идлиб плаќаат превисока цена за борбата против тероризмот.

Тој нагласи дека нормализацијата во Идлиб е клучна компонента за враќање на цивилите во Сирија.

„Проблемот е што повеќе од 50 отсто од популацијата во Сирија ги напушти своите домови. Она што сакаме да го постигнеме сега е да создадеме ситуација заради која тие ќе почнат да се враќаат. Потоа ни е потребен политички процес и стабилизација на ситуацијата во Идлиб“, изјави Педерсен, и додаде:

„Ги разбираме предизвиците кога се работи за борба против тероризмот, но ние исто така секогаш велевме дека исто како и сега, цената која ја плаќаат цивилите е превисока.“

Тој потоа рече дека од април минатата година биле раселени 700.000 лица и дека повеќе од 1.500 цивили биле убиени.

Педерсен го пофали формирањето на Уставниот комитет за Сирија и рече дека тоа претставува важен исчекор.

„Формирањето на Уставниот комитет се случи за првпат кога двете страни се согласија за писмен документ, кој претставува основа за здружување и преговарање. И, исто така, беше начин двете страни да се препознаат меѓусебно“, рече Педерсен и додаде дека интеракциите во форматот се начин „да се изгради доверба меѓу страните“.

„Ние разбираме дека ќе биде потребно време, не брзаме со ова и се надеваме дека ќе има ефект врз поширокиот политички процес, дека ќе го подобри животот на Сиријците кои живеат во земјата и ќе го започне враќањето на бегалците“, рече Педерсен.

Тој, исто така, за наредната среда, 29 јануари, ја најави својата посета на Дамаск, каде што ќе разговара со сириската Влада.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се фокусираше на економските и хуманитарние аспекти на кризата.

„Го цениме пристапот што вие и вашиот тим го направивте за да создадете услови за преговарачите да создадат култура на дијалог, да воспостават доверба. Ова е многу важна компонента за спогодбата“, изјави Лавров.

„Ние не драматизираме околу самиот факт што неколку месеци по [формирањето на] Уставниот комитет не беа постигнати големи резултати, не се ни очекуваше. Ќе ги поддржиме на секој начин вашите напори насочени кон создавање услови за напредок во текот на следната седница на Уредничката Уредувачката? комисија“, рече тој.

Со посредство на Турција, Русија и Иран, во текот на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб е прогласен за зона на деескалација. Во Сочи во 2018 година постигнат е дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување зона на деескалација.

Оттогаш, повеќе од 1.300 цивили се убиени во нападите на режимот на Башар ал Асад и руските сили, при што прекинот на огнот продолжува да биде прекршуван.

Над еден милион Сиријци се преселија во близина на турската граница како последица на интензивните напади во текот на изминатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.