свет

Меѓународен ден на образованието: Во светски рамки неписмени 657 милиони деца

Стапката на следење настава во основните училишта достигна значајни 91 отсто во земјите во развој, но 57 милиони деца на возраст за основно училиште сѐ уште не следат настава и им е ускратен пристапот до основното образование

Betül Yürük  | 24.01.2020 - Обновена : 26.01.2020
Меѓународен ден на образованието: Во светски рамки неписмени 657 милиони деца

ЊУЈОРК (АА) - БЕТУЛ ЈУРУК -

И покрај значајниот пораст на писменоста во текот на последните години, 657 милиони деца низ светот и понатаму се неписмени, пишува Агенција Анадолија (АА).

Од минатата година, 24 јануари, со одлуката на Обединетите нации (ОН) се одбележува како Меѓународен ден на образованието, а по повод овој настан тимот на АА направи анализа на податоците за писменоста, особено меѓу младите.

Иако во последните неколку години е забележан значаен пораст на писменоста во многу земји, податоците на ОН, сепак, покажуваат дека 657 милони деца низ светот и понатаму се неписмени, со што отворено се крши нивното право на образование загарантирано со Универзалната декларација за човекови права.

Стапката на следење настава во основните училишта достигна значајни 91 отсто во земјите во развој, но 57 милиони деца на возраст за основно училиште сѐ уште не следат настава и им е ускратен пристапот до основното образование.

Половина од децата кои не следат настава живеат во земјите на Супсахарска Африка во кои помалку од 40 отсто од девојчињата завршуваат средно образование.

Околу 50 отсто од децата кои не следат настава живеат во воени зони и на подрачјата во кои се водат вооружени судири.

Tijjani Тиџани Мухамад-Банде, претседателот на Генералното собрание на ОН, за АА изјави дека милиони деца во многу делови од светот не можат да одат на училиште од различни причини, како што се сиромаштијата, вооружените судири или климатските промени.

„Страшно е дури и само едно дете да не оди во училиште. Наша должност е да се овозможи образование за сите. Образованието е човеково право. На никого не може да му биде одземено правото на образование“, изјави Мухамад-Банде.

Тој истакна дека пружањето стручно образование е една од Целите за одржлив развој на ОН (SDGs) до 2030 година, напоменувајќи дека е повеќе од потребно сите релевантни актери да ги вложат сите можни напори за да се зголеми писменоста во светот, особено меѓу помладата популација.

Според податоците на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (UNESCO), само во секоја петта земја во светот со закон е загарантирано 12-годишно бесплатно обврзувачко образование.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.