Behlül Çetinkaya
12 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Како резултат на отворањето оган врз полициска станица во Пакистан, животот го загубија четворица полицајци, додека три лица се повредени, од кои еден полицаец, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружени напаѓачи отворија оган врз полициска станица во подрачјето на Дера Исмаил Хан во пакистанската северна покраина Хајбер Пахтунхва.
Во нападот смртно настрадаа четворица полицајци, додека три лица се повредени, од кои еден полицаец.
Полициските службеници соопштија дека повредените биле пренесени во болница и дека е започната операција за фаќање на напаѓачите.