Dmitri Chirciu
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека палестинското прашање треба да се реши на мировен начин, и изрази загриженост од постоечката состојба меѓу Палестина и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во Москва се состана со претставниците на Палестинската ослободителна организација и Исламското движење на отпорот (Хамас).
Лавров нагласи дека палестинското прашање треба да се реши на мировен начин.
„Ние, исто како бројни други земји, сме за решавање на палестинското прашање со Арапската иницијатива за мир, според параметрите на Советот за безбедност на ОН и на Генералното собрание на ОН“, додаде тој.
Лавров истакна дека едностраниот пристап на САД кон палестинското прашање претставува голем ризик. „Договорот на векот кој го нудеа САД во врска со процесот за Средниот Исток, ќе уништи сѐ што е направено досега“, нагласи Лавров.
Шефот на руската дипломатија рече дека постоечката состојба меѓу Палестина и Израел е загрижувачка, и дека постои потреба од често реализирање на состаноци, кои би се одржувале според московскиот формат.
Средбите кои започнаа вчера меѓу претставниците на главните палестински политички организации и руските власти ќе продолжат и утре во Москва.