свет

Русија не планира официјално партнерство со ОПЕК

- Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, истакна дека Русија не планира да воспостави официјално партнерство со Организацијата на земјите извознички на нафта и нафтени деривати ОПЕК

Emre Gürkan Abay  | 12.02.2019 - Обновена : 13.02.2019
Русија не планира официјално партнерство со ОПЕК

Moskva

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, истакна дека Русија не планира да воспостави официјално партнерство со Организацијата на земјите извознички на нафта и нафтени деривати ОПЕК (OPEC), јавува Anadolu Agency (AA).

Песков во изјава за медиумите во Москва разговараше за тврдењата дека ОПЕК сака да воспостави официјално партнерство со Русија, со цел подобро балансирање на глобалната цена на нафтата.

Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин се консултирал со бројни лидери за соработката меѓу OPEC и Русија.

„Последен пат Путин за ова прашање разговараше со саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман. Тој се осврна на ефективноста на постоечката соработка во балансирањето на меѓународната цена на нафтата. Затоа, не постои план да се воспостави официјално партнерство со ОПЕК“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın