свет

Иран, санкциите од САД планира да ги надмине со метод на размена

- Иран, поради проблемите во банкарскиот систем по санкциите на САД, во меѓународната трговија планира да го користи методот на размена

Ahmet Dursun  | 12.02.2019 - Обновена : 13.02.2019
Иран, санкциите од САД планира да ги надмине со метод на размена

Ankara

АНКАРА (АА) - Иран, поради проблемите во банкарскиот систем по санкциите на САД, во меѓународната трговија планира да го користи методот на размена, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за економија на Иран подготви нов план за основање на нови компании кои ќе работат со методот на размена.

Подготвениот план, со цел да се надминат санкциите на САД насочени кон иранската економија, предвидува основање компании кои ќе работат на системот за размена во меѓународната трговија, без префрлување на пари.

Во тие рамки, покрај Министерството за економија, и Министерството за надворешни работи треба да ги обезбеди неопходните олеснувања на компаниите во странските земји.

Мухамед Лахути, претседателот на Конфедерацијата за извоз на Иран, во изјавата дадена за „Мехр“, полуофицијалната новинска агенција на Иран, истакна дека во трговијата методот на размена меѓу земјите се користи во исклучителни случаи, и додаде: „Поради санкциите од САД, Иран во трговијата со странските земји го започна методот на размена.“

Лахути, нагласувајќи дека методот е подготвен по инструкциите на претседателот Хасан Рохани, рече дека методот на размена мора да биде загарантиран од страна на Централната банка.

По едностраното повлекување од Договорот за нуклеарното вооружување на 8 мај 2018 година, САД, санкциите против Иран почна да ги воведува постепено. Вашингтон со санкциите му забрани на Иран да пристапи кон доларот, златото и другите благородни метали. Исто така и Централната банка на Иран се наоѓа во опсегот на ембаргото.

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија, наречени Е3, со цел олеснување на трговијата со Иран и заштита на европските компании од санкциите на САД, на 31 јануари потпишаа договор, за основање на нов механизам за плаќање наречен INSTEX, кој е подржан и од Европската Унија.

Обемот на финансискиот механизам за плаќање, далеку од очекувањата на иранските власти, беше ограничен само за секторите на здравство и храна.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.