Recep Şakar
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
МЕЛБУРН (АА) - По летот долг 16 часа и 23 минути, авионот „боинг 777“ на „Катар ервејс“ слета во Оукленд во Нов Зеланд, со што е реализиран најдолгиот комерцијален лет во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Катар ервејс“ преку социјалните мрежи соопшти дека патниците кои се качиле во авион во Доха, поминале низ десет временски зони и поминале долг пат долг 14.535 километри.
Авионот слета во 07:25 по локално време, а за 20-те патници и членови на екипажот, од кои четворица пилоти, на аеродромот во Оукленд беше подготвен свечен пречек.
Министерот за трговија на Нов Зеланд, Тод Мекклеј смета дека овој директен лет значително ќе придонесе за трговијата и за туризмот меѓу двете земји.
Авионот денес треба да полета од Оукленд кон Доха. Се претпоставува дека летот поради струење на воздухот ќе потрае 17 часа и 30 минути.