Ekipa
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ДОХА (АА) - Од Црвената листа на ИНТЕРПОЛ е отстранета потерницата по Јусуф ал-Кардави чие апсење претходно го побара Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Укината е потерницата на ИНТЕРПОЛ за апсење на претседателот на Унијата на муслиманските научници, Јусуф ал-Кардави“, соопшти Организацијата Арапи за човекови права, чие седиште е во Велика Британија.
Во соопштението се наведува дека името на Кардави е тргнато од Црвената потерница бидејќи е утврдено дека тој не бил во Египет во периодот за кој се товари за тешки кривични дела како убиства и кражба.
„Ова е голема победа на правдата над режимот на пучистите кои убиваат и затвораат невини луѓе“, изјави претседателот на Организацијата, Мухамед Џамил.
ИНТЕПРОЛ кон крајот на 2014 година на Црвената листа на барани лица го стави Кардави, кој има египетско и катарско државјанство. Тој живее во Катар, а е познат по противењето на воениот удар со кој летото 2013 година беше соборен првиот демократски избран египетски претседател Мухамед Морси, и како остар критичар на актуелниот претседател на Египет Абдел Фатах ал-Сиси.