Daniel Gallego
23 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
ДОХА (AA) - Втора група војници на Оружените сили на Турција денеска стаса во Доха, главниот град на Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Група турски војници со авион стаса во воздушната база Ал-Удеид, југозападно од Доха.
Првата група турски сили во Катар стаса во недела минатата седмница.
Потсетуваме, турските сили стасаа во Катар во рамките на претходен Договор за соработка на двете земји во областа на одбраната и безбедноста.
Парламентот на Турција на 7 јуни, во рамките на претходен договор помеѓу Турција и Катар, го усвои нацрт законот кој овозможува распоредување на турските сили во Катар.
Целта на договорот, помеѓу останатото, е да даде придонес во модернизацијата на воените структури на Катар во рамките на меѓународното право, како и интензивирање на соработката во областа на воената обука и образование.