Halit Süleyman
22 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
ДАМАСК (АА) - Во интензивните судири меѓу силите на режимот и опозицијата во сирискиот главен град Дамаск загинаа 25 војници на режимот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмед Убејде, еден од командантите на опозициските сили на теренот во Дамаск, за АА изјави: „Веќе три дена силите на режимот на Асад интензивно вршат напади во подрачјето Џобар. И денес во околината на Џобар се водеа интензивни борби“.
Командантот Убејде истакна дека режимот почнал да ги напаѓа подрачјата на Тајбе, Меншура и локацијата Абасијин, додавајќи: „Во последните три дена, силите на режимот изведоа напади со повеќе од 400 минофрлачки гранати. Во подрачјето беа изведени повеќе од 40 воздушни напади. Единиците на Фејлек ер Рахман неутрализираа 25 војници на режимот. Уништен е и еден тенк“.
Убејде изјави дека единиците на опозицијата, распоредени на покривите од куќите и во тунелите што ги ископале, успеале да ги распрскаат режимските сили во Џобар.
„Во Џобар им нанесовме големи загуби на силите на Асад и ги спречивме нивните напади. Со сите сили напаѓаат за да го заземат Џобар”.
Џобар се наоѓа во источниот дел на Дамаск, и подолго време е цел на напади на силите на режимот на Асад и на странските прорежимски терористички групи.