Zülfiya Yakup
19 Февруари 2017•Ажурирај: 20 Февруари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Хашим Тачи, претседателот на Косово, во рамките на Конференцијата за безбедност во Минхен се состана со генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Јурген Сток, со кој разговараше за можностите за прием на Косово во таа организација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Косовскиот претседател Тачи изјави дека Косово ги исполнува сите услови за членство во ИНТЕРПОЛ.
„Ние имаме потреба од ИНТЕРПОЛ, но и ИНТЕРПОЛ има потреба од Косово, за што побрзо трансформирање”, додаде Тачи, се соопштува од од Претседателството на Косово.
Од друга страна, генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Јурген Сток, истакна дека ИНТЕРПОЛ е отворен за Косово и очекува да се завршат внатрешните процедури и да се започне разгледување на пријавата на Косово за членство.
Тачи со Сток разговараше и за прашањето за запирањето на граѓаните на Косово поради потерниците од Србија, оценувајќи дека таквите потерници не се одржливи и дека се политички мотивирани.
Претседателот Тачи од секретарот на ИНТЕРПОЛ побара сите политички потерници на Србија да бидат поништени.