Orhan Topal,Adnan İdriz
19 Февруари 2017•Ажурирај: 20 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Орхан Топал, Аднан Идриз
Во борбата за спречување на активностите на структурите на терористичката организација ФЕТО во Македонија, особено во областа на образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот, се наведува дека Турција треба да даде тежина во подигањето на свеста кај народот во регионот и во интензивните дипломатски аткивности.
Според информациите на новинарот на Anadolu Agency (АА), добиени од страна на овластени лица во Македонија, потребно е заедничко дејствување на Турција и на Македонија за да се стави крај на дејностите на ФЕТО во државата, коишто ги врши преку 7 училишта, еден весник и преку мали трговски претпријатија и туристички агенции.
Многу е важно да се формира една правна екипа со поддршка на Турција во земјите како што се Македонија, Албанија и Косово, каде што борбата против ФЕТО не е во доволна мера. Се наведува дека би можело да се има добар резултат од работата на една добра правна екипа во врска со колеџите на ФЕТО, нивното деловно опкружување и влијанието во медиумите.
- „Потребно е формирање на биро за Балканот“ -
Се истакнува дека неопходна е потребата од формирање на балканско Биро, коешто ќе работи со споменатите правни екипи, ќе подготви извештај за структурите на ФЕТО во сите земји од Балканот и според добиените резултати ќе подготви патоказ според којшто ќе се преземат одредени конкретни чекори во врска со тоа.
Идентификување на македонските бизнисмени кои што соработуваат со ФЕТО, одредување на забрана за нивен влез во Турција или нивна депортација после нивното сослушување, се сметаат како ефикасни начини во борбата против ФЕТО. Земајќи ги предвид историските и културните односи помеѓу двете земји, и врската на повеќе граѓани на Македонија со Турција, се наведува дека не би можело да се дозволи укинување на овие односи, но дека е можно укинување на секој вид соработка со ФЕТО.
Освен тоа, со истражување на поранешните врски пред обидот за воен удар на 15 јули, се истакнува можноста за откривање и на припадниците на ФЕТО коишто се обидуваат да не бидат забележани.
Овластените лица ја споменуваат важноста на ефикасната поддршка преку вклучувањето на дипломатските односи и турските организации и институции, и посочија дека целокупната борба може да придонесе да се стави крај на присуството на ФЕТО во Македонија.
- Барателите на дозвола за престој или на работа, треба да бидат истражени -
Во првата етапа, помеѓу сите точки, се истакнува важноста за спречување на припадниците на ФЕТО што бегаат од Турција да се населат во Македонија.
Во врска со ова, лицата коишто доаѓаат од Турција без виза за запишување на факултет, основање на фирма или станување партнер во фирмите, и бараат „дозвола за престој или работа“, од македонската страна се бара да се консултира со амбасадата на Турција во Скопје во однос на тоа дали тие лица се поврзани со ФЕТО или не. Ако успее тоа, тогаш ќе се спречи и населувањето на припадниците на ФЕТО во земјата.
- Мора да се истакне фактот дека ФЕТО е вооружена терористичка организација -
Уште една точка којашто мора да се примени во борбата против ФЕТО е да се подигне свеста кај народот... Владее мислењето дека информирањето за терористичките активности на организацијата при крвавиот обид за воен удар, особено на населението којшто ги носи децата во училиштата на ФЕТО, ќе биде ефикасен за македонските, албанските, турските и другите етнички групи коишто живеат во Македонија.
Во текот на овој процес, турските институции и македонските патриоти, верските свештеници и граѓанските организациии, преку директни средби треба да му истакнат на населението дека од движењето на ФЕТО, коешто на почетокот почна особено преку експлоатација на верските чувства на народот, произлезе една вооружена терористичка организација.
Со ефикасно освестување, се изразува дека веќе намалениот број на ученици во училиштата не ФЕТО во земјата после 15 јули ќе биде намален на минимум.
Од друга страна, овластените лица нагласија дека во првата фаза треба да се отворат нови училишта преку активностите на турската фондација „Маариф“, преку коишто ќе им се олесни товарот на родителите што ќе ги отпишат своите деца од училиштата на ФЕТО.