Alma Çekovic
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
РИМ (АА) - Најмалку пет лица настрадаа, а три се водат како исчезнати, во бурното невреме кое денес ја погоди Италија, а меѓу најлошо погодените е градот Ливорно во Тоскана, соопштија италијанските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телата на четири лица од едно семејство се пронајдени во поплавена куќа во Ливорно, каде за четири часа паднало 40 сантиметри дожд, претворајќи ги улиците во реки.
Италијанските медиуми јавуваат дека загинало девојче, нејзините родители и еден од нивните родители.
Телото на петтата жртва е пронајдено на подрачје разорено од свлечишта, а три лица се водат за исчезнати, соопшти пожарната бригада.
„Ситуацијата е многу тешка, критична. Стравуваме од поголема катастрофа“, изјави градоначалникот на Ливорно, Филипо Ногарин.
Италијанската служба на цивилната заштита издаде портокалово предупредување за подрачјето на Фиренца, поради невремето кое синоќа го зафати северниот дел на Италија.