Mehmet Özay,Emre Aytekin
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Интерпол издаде црвена потерница за четворица државјани на Северна Кореја во врска со убиството на Ким Џонг-нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува „Стар“, малезиската полиција објавила дека Интерпол има распишано црвена потерница за Ри Џи-Хион (33), Хонг Сонг-хач (34), O Џонг-гил (55) и Ри Џае-нам (57), кои се поврзани со убиството на Ким Џонг-нам.
Шефот на малезиската полиција, Халит Ебубекир, изјави дека станува збор за лица кои на 13. февруари биле на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, каде што беше убиен Ким Џонг-нам.
Ким Џонг-нам е убиен во напад изведен ан 13. февруари, на Меѓународниот аерродром во Куала Лумпур. Потоа беа приведени четири лица, државјани на Индонезија, Виетнам, Малезија и Северна Кореја.
Полицијата во Малезија соопшти дека четирите лица, за кои постои сомнение дека се на релацијата Џакарта – Дубаи – Владивосток, преминале во Пјонгјанг и се на потерниците на Интерпол.
Северна Кореја тврди дека за тоа убиство најмногу е одговорна Малезија, каде што се случи инцидентот.