Adam Moro
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Саудискиот министер за надворешни работи Адел Ал-Џубеир изјави дека против Катар во "соодветен момент", ќе бидат преземени нови мерки, јавува Anadolu Agency (AA).
Порача исто така дека политичкиот и економскиот ембарго кон Катар останува на сила.
Четири арапски земји, Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска издадоа соопштение во кое ја осудија одлуката на Катар да ја отфрли листата со нивните барања.
Заливските земји на властите на Катар му доставија листа од 13 барања, меѓу кои е затворање на медиумската мрежа Ал Џезира. Рокот за исполнување на барањата истече на 2. јули, а на барањето на Кувајт, просаудискиот блок се согласи да го продолжи рокот за дополнителни 48 часа. Исполнувањата на барањата на Катар му се наметнати како услов за деблокада, а во спротивно му се закануваат нови санкции.
Катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мохамад бин Абдулрахан Ал-Тани на 2. јули порача дека неговата земја ќе ги отфрли барањата кои на Доха и ги упатија четирите арапски земји.
Споменатите арапски земји на Катар му упатија шест нови барања, повикувајќи на вонреден состанок во Манама, главниот град на Бахреин, за да разговараат за моменталната политичка криза.
Од друга страна, министерот за надворешни работи на Бахреин, Калид бин Ахмед бин Мохамед Ал Калифа порача дека само Советот за соработна во Заливот (GCC) одлучува за можната суспензија на членството на Катар во таа организација.
Истакна дека суспензијата на Катар од шестчлениот Совет би можело да биде неизбежно.
Потсетуваме, кризата во Заливот ескалираше на 5. јуни кога властите на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет, ОАР и Јемен ги прекинаа дипломатските односи и ги блокираа границите на Катар. Катар се товари за поддршка на тероризмот, што официјална Доха го негира и го оценува како неосновано обвинение.