Erbil Başay
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоан, ќе се состане утре со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на германската влада, Стефан Зиберт, потврди дека канцеларката Меркел в пресрет престојниот самит на лидерите Г20 ќе се состане со турскиот претседател Ердоган. Тој додаде дека состанокот е организиран на барање на турската страна.
Состанокот најверојатно ќе биде во Хамбург каде што на 7. и 8. јули ќе се одржи 12. Самит на лидерите на најразвиените земји на светот.
Меркел најави дека утре ќе се состане и со виетнамскиот премиер Нгуен Суан Фук, но не е откриен часот и прецизната локација на тие состаноци.
Претходно, Меркел за утре најави и одвоени состаноци со австралискиот колега Малколм Трнбул и американскиот претседател Доналд Трамп.