Ekipa
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
ДОХА (АА) - Катар испрати три авиони со помош од медицински материјали кои ќе се користат во лекувањето на повредените во терористичкиот напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на официјалната новинска агенција на Катар, „QNA“ (КНА), во авионите со помош испратени по наредба на катарскиот емир, шеик Темим бин Хамед ал Сани, се наоѓаат медицински материјали кои ќе се користат во лекувањето на повредените во извршениот терористички напад. Се истакнува дека катарските медицински тимови со истите авиони пристигнале во Сомалија.
Според соопштеното, тимовите опремени со медицински уреди ќе учествуваат во операции во Сомалија, додека некои повредени ќе бидат испратени во странство, со цел да се заврши нивното лекување.
Над 300 лица смртно настрадаа во бомбашките напади извршени во саботата во Могадишу.