Ömer Aydın
19 Октомври 2018•Ажурирај: 19 Октомври 2018
ПАРИЗ (AA) - Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека суспендирал некои посети бидејќи очекува решавање на случајот со изчезнатиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Она што го знаеме за тој случај е крајно сериозно и загрижувачки", изјави Макрон.
Новинарот и колумнистот на весникот Вашингтон Пост исчезна на 2. октомври откако влегол во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Познат е како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржувал и весникот Ал Ватан кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.