Ekipa
30 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Од полицијата соопштија дека првата обдукција на пејачот Џорџ Мајкл не беше убедлива, и дека е потребно да се извршат дополнителни тестови за да се утврди причината за неговата смрт, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, резултатите од дополнителните испитувања нема да бидат познати неколку недели.
Смртта на Мајкл на Божиќ се третира како „необјаснета, но не и сомнителна“. Ова треба да биде показател дека полицијата не најде никакви докази за „валкана игра“.
Неговиот менаџер рече дека 53-годишниот пејач почина од срцев удар во својот дом.
Обдукцијата на познатиот пејач беше извршена во четвртокот.