Michael Hernandez
19 Октомври 2018•Ажурирај: 19 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека верува дека саудискиот новинар Џамал Кашоги е мртов, изразувајќи уверување на разузнавачки извештаи од повеќе извори кои силно сугерираат на улогата на Саудиска Арабија во овој случај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во интервју за Њујорк Тајмс (The New York Times) зборувајќи за случајот Кашоги, истакна дека наводите за тоа дека саудискиот принц го наредил убиството покренале длабоки прашања за американскиот сојуз со Саудиска Арабија.
„Ова за жал сега длабоко ја разбранува имагинацијата на целиот свет", рече Трамп на новинарите на Њујорк Тајмс (The New York Times) во Овалниот кабинет.
Претходно, Трамп изјави дека „несомнено изгледа" дека новинарот Џамал Кашоги би можел да биде мртов. Тој најави „многу сериозни" последици доколку Ријад биде одговорен за исчезнување на Кашоги и можна смрт.
Новинарот и колумнистот на весникот Вашингтон Пост исчезна на 2. октомври откако влегол во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Познат е како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржувал и весникот Ал Ватан кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.