Burak Dağ
01 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
ТРИПОЛИ
Пет нови тела се ископани од масовните гробници во либискиот западен град Тархуна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението издадено од тимот на либиската Влада кој спроведува активности на пребарување во областа, од масовните гробници биле ископани 5 тела.
Лоциран околу 88 километри југоисточно од главниот град Триполи, Тархуна служеше за главна точка за извршување на неуспешната офанзива на Калифа Хафтар со цел заземање на главниот град од Владата на национално единство признаена од Обединетите нации (ОН).
Либиските официјални претставници на 10 јуни соопштија дека во масовните гробници во истиот град биле пронајдени уште 10 тела.
Остатоците од 9 тела се исто така пронајдени јужно од Триполи на 28 јуни.
Официјалните претставници соопштија дека вкупниот број на тела отстранети од областа достигнал 24.
Либиските власти објавија дека во градот и неговата околина биле пронајдени 11 масовни гробници.
Либиската армија неодамна нанесе тешки удари на Хафтар и ги ослободи Триполи и Тархуна, покрај другите стратешки локации од неговите милиции, вклучувајќи ја и воздушната база „Ватија“.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од Обединетите нации и меѓународните заедници, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Обединетите нации ја признаваат либиската Влада предводена од Фајез ал Сараџ, како легитимна власт на земјата, бидејќи Триполи се бори против милициите на Хафтар од април 2019 година, конфликт кој однесе над 1.000 животи.